ИТ Настан: CodeFu 2012

10.4.2012 - 23:13 - { 1 коментар }

Компанијата Netcetera и оваа година го организира CodeFu – натпревар во програмирање за студенти, апсолвенти и постдипломци. Натпреварот се состои од две онлајн квалификациски рунди во кои учествуваат сите пријавени, а најдобрите 32-ца ќе имаат можност да учествуваат на финалниот натпревар.

Како и претходните години, така и оваа, најдобрите тројца ќе патуваат во Цирих, Швајцарија на Jazoon интернационалната конференција, а двајца среќни учесници кои учествувале во првите два круга ќе добијат по еден iPod Touch.

Првата рунда започнува на 22.04.2012 (Недела) во 12:00, а јазици на кои ќе можете да програмирате се: Java, C#, C++ и Python.

Докажи се, па фали се!

CodeFu 2012 - Докажи се, па фали се!

Google Code Jam 2012 – пријави се!

10.4.2012 - 22:35 - { 0 коментари }

Google Code Jam 2012

Пријавите за Google Code Jam 2012 се отворени. Вашата регистрација можете да ја испратите овде, а првиот круг на квалификации започнува во петок, на 13. април.

Google Code Jam е настан кој се одржува од 2003 година и на него учествуваат професионалци и студенти од целиот свет. Во претходната година се натпреваруваа преку 30,000 програмери, а наградата за Code Jam првак и 10,000$ отидоа во Јапонија.

Натпреварувањето се состои од 4 круга, кои водат во финалниот натпревар кој ќе се одржи во просториите на Google во Њу Јорк. Повеќе информации ќе најдете на официјалниот сајт.

Распоред: Кликни тука.

Преглед на WordPress 3.4 (Beta 1)

6.4.2012 - 19:29 - { 0 коментари }

Синоќа Jane Wells ја објави првата бета од WordPress 3.4, додека официјалната стабилна верзија би требало да излезе во текот на месец Мај.

Новости кои ни доаѓаат со оваа објава ги има многу, но има и еден минус за новата тема (Twenty Twelve) која е одложена за верзијата 3.5.

Новости во 3.4:

  • Уредувач на темата со преглед
  • Флексибилни големини на сопствените заглавја
  • Избирање на сопствено заглавје/позадина од мултимедиската библиотека
  • Подобрено пребарување и избирање на теми

Промени во кодот:

  • Ново XML-RPC API за екстерни и мобилни апликации
  • Ново API за регистрирање за поддршка на темата за сопствени заглавја и позадини
  • Подобрувања на перформансите на WP_Query со разделување на query-то
  • Поддршка за инсталирање на child теми директно од WordPress директориумот со теми

Галерија:

Доколку пронајдете некоја грешка, пријавете ја! Можете да пишате на alpha/beta форумот, да пишете на wp-testers листата, или директно на WordPress Core Track.

Преземете го WordPress 3.4 Beta 1

Ubuntu за Android

22.2.2012 - 13:48 - { 0 коментари }

Како што објави Mark Shuttleworth на својот блог, Ubuntu for Android ви овозможува да го стартувате Ubuntu на Вашиот Android телефон.

Сѐ што треба да направите е да го поврзите телефонот со мониторот и ќе добиете целосен Ubuntu десктоп со сите апликации кои можете да ги користите истовремено со тие на Android.

Убунту за Андроид

Убунту за Андроид

Покрај Ubuntu десктопот, Ubuntu for Android го вклучува и Ubuntu TV, така што ќе можете Вашиот Android уред да го поврзите и со Вашиот телевизор и наместо Ubuntu десктопот, ќе ве пречека работната околина за Ubuntu TV.

За да можете да го користите Ubuntu for Android, потребни се следните спецификации:
- Android 2.3 или понова
- Двојдрен процесор – 1GHz
- 2GB простор за инсталацијата
- HDMI и USB излез
- 512MB RAM меморија