Ова е прашање за кое блогерите треба да размислат кога го ажурираат својот блог и сакаат да добијат нови читатели. Колку често би требало да објавувате блог постови?

Некои блогови се ажурираат неколкупати дневно, додека некои други блогови треба да бидат среќни што се обновуваат дури еднаш во неделата или на подолг период.

Кој е вистинскиот одговор за Вашиот блог?

Одговорот ќе зависи од поставените цели за Вашиот блог. Доколку имате личен блог и не е толку битно колку често ќе објавувате нова содржина. Тогаш најчесто пишувате кога имате потреба и сакате да искажете Ваш став или споделете некој совет. Но, доколку сакате да имате редовни посети и читатели, тогаш редовно пишување е неизбежно. Ако сакате Вашите посетители да се враќаат од време на време, тогаш пишување еднаш или двапати неделно е сосема доволно.

Пребарувачите како Google и Bing сакаат редовно апдејтирани блогови, па доколку сакате добар PR(Page Rank) ќе мора да се фатите за работа и почесто да ја ажурирате содржината на Вашиот блог.

<Совет>

Не ги спамирајте Вашите читатели
Дозволете им да прочитаат и некои постари написи.
Кога еден лојален читател ќе се претплати на Вашиот RSS фид, тој може и лесно да го отстрани од листата поради зачестеното објавување на нови постови.

</Совет>