Twitter работи на концептот со следење, што значи дека ние преку нечии твитови ги следниме нивните размислувања и идеи. Според артиклот на Wikipedia, Twitter има повеќе од 200 милиони корисници до Март оваа година, но сигурно секојдневно се бележи голем раст на бројот на корисници. По тоа си по ставувам прашањето, кого и како одлучуваме да следиме некого? Еве неколку фактори кои јас ги зимам во предвид пред да кликнам на Follow копчето.

1. Твитовите
Твит пораките се први кои ги читам. Доколку нечии твитови се забавни, интересни, информативни, инспиративни и сл., јас го следам. Читањето на твитовите е важно, бидејќи ти дава одредена слика за каква личност се работи.

2. Профил слика и позадина
Доколку некој има недолична слика или воопшто нема слика, личноста со сигурност нема да ја следам. Покрај тоа влијае и позадината на профилот, некои твитерџии како @MLazarevski кои имаат добри позадини ќе ве натерат подолго време да се задржите на нивниот профил и да читате.

3. Активен профил
Активноста игра голема улога дали на некој ќе стиснам на копчето за следење. Искрено, не гледам поента да следам некоја личност чиј последен твит е од пред 1 месец или повеќе. Со задоволство би следел некој кој дури пушта и по еден твит дневно, но квалитетен.

4. Број на следбеници
Не ги следам профилите кои имаат голем број на следбеници, а мал број на твитови, како и твитерџиите кои по цел ден твитаат линкови до својот сајт.

5. Веб-сајт/блог/линк
Доколку има блог, веб-сајт, Tumblr блог, го читам и разгледувам. И доколку ми се допаѓа, го следам.

Ова не важи за приватните профили. Кога не можеш да ги прочиташ твитовите, не си во можност ниту да одредиш дали ќе ја следиш личноста. Но, Twitter не е само да следиш некого и да добиваш следачи. На крај важна е врската која ќе успееш да ја создадеш со нив.